Мексико револтирано кон богатите земји: Престанете да трупате вакцини против КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера, пред Советот за безбедност на Обединетите нации, Мексико апелираше до богатите земји да престанат да ги трупаат вакцините против ковид-19 бидејќи сиромашните земји заостануваат во трката за вакцинирање на своето население.

Три четвртини од првите дози им се поделени на граѓаните на само десет земји кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот БДП, предупреди мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард, додека во повеќе од 100 земји сè уште не почнало вакцинирањето.

„Ги повикуваме земји да избегнат трупање на вакцините и да ги забрзаат првите фази од испораката на Ковакс, давајќи им предност на земјите со помалку ресурси“, кажа Ебрард пред Советот за безбедност чија непостојана членка е и Мексико.

Функционери на Панамериканската здравствена организација кажаа вчера дека земјите наскоро можат да очекуваат потврда за испорака на вакцините преку Ковакс програмата иако се очекува првите пратки да бидат мали.

Програмата Ковакс ја водат сојузот за вакцини ГАВИ, Светската зравствена организација (СЗО), Коалицијата за епидемиолошки иновации во готовност и УНИЦЕФ.

„Итно треба да се дејствува и да се поништи неправдата која се врши бидејќи од тоа зависи безбедноста на целото човештво“, додаде Ебрард.

Мексико има потпишано договори со неколку фармацевтски компании за набавка на милиони дози за своите 126 милиони жители среде глобалните доцнења во испораката и недостигот од некои вакцини.