„Лидл“ влегува и во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со паричен влог од 500 илјади евра во скопската општина Центар регистрирана е подружница „Лидл Северна Македонија”, управувана од бугарската филијала.

Германскиот трговски синџир „Лидл“ е специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун. Во Софија филијалата е управувана од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Според официјалните информации планирано е во Македонија да бидат вложени повеќе од 10 милиони евра за продавница и земјиште поголемо од 10.000 метри квадратни.