Меган и Хари ќе мерачат на меден месец во омилената колиба на кралското семејство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако нема официјално потврдување за информациите каде новопечениот кралски брачен пар ќе го помине медениот месец, низ медиумите се вртат многу муабети за местото каде Принцот Хари и Меган Маркл ќе одат на свадбеното патување.

Последен во низата е кралскиот рај во Канада, Феирмонт Џаспер Парк и прекрасната колиба која важи за една од најомилените на кралските семејства ширум светот.

Според TMZ, кралската двојка наскоро ќе се упати токму на ова место, каде досега уживале кралицата Елизабета и принцот Филип, холивудските ѕвезди Ентони Хопкинс и Џон Траволта, како и Бил Гејтс.

Фантастичниот парк е познат и по филмот „River of No Return“ од 1954 – тата година, во кој главните улоги ги толкуваа Мерилин Монро и Роберт Мичам.

Шармантната колиба била уништена во пожар во 2000 година, но оттогаш, истата била внимателно реставрирана за да биде идентична како претходно.

Анонимен извор за TMZ вели дека на сопствениците им било соопштено дека мора да ја снабдат колибата со специјална опрема и потребни предмети за да се подготват за доаѓањето на кралската двојка.

Војводата и Војвотката од Сасекс го одложија медениот месец за да присуствуваат на забавата за 70-тиот роденден на Принцот Чарлс, па оттогаш нема информации кога истиот ќе се случи.