Home Вебкафе Мегаломанскиот хотелски комплекс од Хитлер вратен во живот

Мегаломанскиот хотелски комплекс од Хитлер вратен во живот

Во ’30-те години од минатиот век, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер дал наредба за изградба на мегаломански комплекс на хотелски згради за одмор ,,Колос од Прора”, што се протегаат со километри покрај морскиот брег на островот Руген.

Неговата идеја за изградба на ваков комплекс за одмор била 20.000 луѓе во ист временски период да можат да го поминат годишниот одмор, сето тоа организирано од нацистичката организација „Сила преку одмор”.

Сите туристи морале да имаат поглед кон морето и затоа градбата била толку долга. Мегаломснаскиот проект не бил довршен според планот, бидејќи почнала Втората светска војна и во него не пресотјувал ниеден турист.

Зградите, наместо за туристи се користеле како касарни, прво од хитлеровата војска , а потоа и од војската на Источна Германија. По падот на Берлинскиот ѕид, комлексот добил статус на историски споменик.

Од минатата година, пред целосно да пропадне како уметничка галерија, Прора е обновена и се користи како туристичко одморалиште. Во еден од блоковите има и луксузен хотел.

Освен тоа има и продавници, фризерници, ресторани и пекарници. Голем дел од комплексот на Хитлер и натаму се реновира , каде се предвидуваат и други содржини и нови хотели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…