Медијал.мк: Оливер Спасовски избран за консензуален претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ

Според пишувањето на порталот Медијал.мк, кој се повикува на внатрешни извори од владината коалиција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовиски, бил избран за консензуален претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ. Името на Спасовски било избрано на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

Се чини дека сите други кандидатури спаѓаат во вода. Спасовски е роден во Куманово, а во биографијата се забележува дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работел како секретар во општина Куманово. Спасовски зборува англиски и француски јазик. Тој е женет и има две деца.