Home Актуелно Претседателската кандидатура на Блерим Река поддржана од БЕСА и Алијанса за Албанците

Претседателската кандидатура на Блерим Река поддржана од БЕСА и Алијанса за Албанците

Претседателската кандидатура на професор Блерим Река официјално доби поддршка од Алијанса за Албанците и движењето БЕСА. Ова го изјавија од двете споменати албански политички струи.

Оваа поддршка следеше откако претходно, преку социјалната мрежа Фејсбук, Река ја потврди својата кандидатура за шеф на државата.

Според двете партии, неговото богато академско и дипломатско искуство има потенцијал да ја зајакне функцијата претседател на државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…