„Медена Земја“ номинирана за Оскар во две категории


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот филм „Медена земја“ успеа да добие две номинации за претстојните Оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Номинациите беа објавени денес во Лос Анџелес. Меѓу петте номинирани за најдобар документарец се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.

За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

„Пред дождот“ на Милчо Манчевски досега беше единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година. Претходно, во 1980 како југословенски кандидат номинација за Оскар имаше добиено краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов.