Home Шоубизнис „Медена земја“ не освои Оскар

„Медена земја“ не освои Оскар

Македонскиот филм кој беше во конкуренција за најпрестижната филмска награда Оскар во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар интернационален филм, не ја освои златната статуетка во ниту една од двете категории.

Во категоријата документарец на 92-рото доделување Оскари победи „Американска фабрика“. Македонскиот еп за последната пчеларка со диви пчели во Европа не ја доби статуетката.

За најдобар документарен филм конкуренти на нашиот филм му беа британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонскиот филм, но и во историјата на самите Оскари, како прв филм номиниран и за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец.

Во категоријата меѓународен (странски/неанглиски) филм покрај „Медена земја“ и јужнокорејскиот „Паразит“, беа и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“. Оскарот го освои „Паразит“.

Во Долби театарот во Лос Анџелес продолжува церемонијата на доделување Оскари за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија, кое заврши во вторникот.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонскиот филм, но и во историјата на самите Оскари, како прв филм номиниран и за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …