Роналдо „полудел“ после поразот од Верона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо синоќа постигна гол против Верона, но тоа не беше доволно да го спаси својот Јувентус од пораз (2:1).

Португалецот е во извонредна форма и постигна 15 гола на последните 10 меча, меѓутоа останатите фудбалери од тимот не се на негово ниво.

Познато е дека Роналдо не поднесува порази, па италијанските медиуми откриваат дека синоќа „збеснал“ после поразот од Верона, а тоа го потврди и Војчех Шчешни.

„Роналдо беше лут што така лесно изгубивме три бода. Беше многу лут, никогаш не сум го видел таков. Постигнува гол на секој меч, прави се за тимот да победи, но овој пат не успеавме да направиме нешто повеќе“, изјави голманот на „старата дама“.

Доколку Интер вечер победи во градското дерби ќе се израмни со Јувентус на врвот на табелата.