Home Спорт Мбапе со нов рекорд ја промени историјата на францускиот фудбал

Мбапе со нов рекорд ја промени историјата на францускиот фудбал

Килијан Мбапе го предводеше Париз Сен Жермен до нова победа во француската Лига 1 и постигна два гола на мечот против Ним.

Со тоа Мбапе стана најмлад играч во историјата на Лига 1, кој постигнал 50 гола.
Мбапе во дресот на Монако постигна 16, а за неполни две сезони во ПСЖ даде 35 гола. Своите 50-ти и 51-ви гол ги постигна со наполнети само 20 години и два месеца.

„Секој ден работам напорно за да му помогнам на тимот. Уживам во тоа. Фудбалот е за уживање, постигнување погодоци, соборување рекорди. Тоа ме движи и јас сум многу среќен“, истакна Мбапе по победата против Ним.

Досегашниот рекордер беше Јаник Стопира, кој даде 50 гола на возраст од 21 година и 11 месеци.

Рекордот на Стопира во францускиот фудбал е запишан во далечната 1982 година , а Мбапе вчера го урна и се запиша како најмлад стрелец кој освоил 50 гола во француската прва лига.

https://twitter.com/OptaJean/status/1099362230464925696

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи ги разреши сите дилеми околу иднината на двете најголеми ѕвезди на тимот, Килијан Мбапе и Нејмар.

Нејмар и Мбапе? Ќе мора ли некој од нив двајца да го напушти клубот поради ФФП?

„Не! И не го тврдам тоа со 100% сигурност, туку со 2000%! Тие остануваат во Париз. Многу медиуми пишуваат дека ќе мора да продадеме некои од нив двајца. Тоа не е точно. Остануваат!“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…