Home Вебкафе „Матрјошка“ – 800 милиони години стар дијамант каков што светот нема видено досега

„Матрјошка“ – 800 милиони години стар дијамант каков што светот нема видено досега

Уникатниот дијамант со скапоцен камен во него, наречен „Матрјошка“, кој беше пронајден во Сибир, се верува дека е стар 800 милиони години и дека е непроценлив и единствен во светот.

Гоголемиот дијамант е со димензии 4,8 x 4,9 x 2,8 милиметри. Во него е сместен помал дијамант со димензии 1,9 x 2,1 x 0,6 милиметри.

Олег Ковалчук, од руската компанија „Алроса“, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е уникатна креација на природата и дека ваков дијамант досега не е пронајден.

„Алроса“ планира да го испрати дијамантот во Геолошкиот институт во Америка на понатамошни истражувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 мали трикови за среќен и исполнет живот – без хороскоп и судбина!

1. Секогаш биди таа што прва презема иницијатива Не чекај некој да те повика – биди ти таа…