Матичарите од утре се враќаат на работа


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


После седумнеделен штрајк на Незавиниот синдикат на Управата за водење матични книги, од утре штрајкот се става во мирување, а сите одделенија на Управата продолжуваат со редовната работа.

За ова на денешната прес-конференција информираше првиот човек на Управата за водење матични книги, директорот Блерим Абази кој рече дека Управата и Минситерството за правда конечно нашле заеднички јазик и оти е потпишан колективниот договор со кој, како што кажа, дополнително се унапредуваат правата на вработените.

„Со потпишување на овој договор дополнително се унапредија правата на вработените во Управата за водење матични книги. Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоците на плата, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн“, истакна Абази.

Во однос на утврдувањето на платите на вработените во секторот на Управата за водење матични книги, Абази посочи оти до Владата е испратена информација за во најкраток период да се земат предвид нивните барања за покачување на платата, за како што додаде, да се најде решение и по однос на оваа точка.

„Јас како директор земав обврска во наредниот предлог – Буџет за 2023 да има предвидување за покачување на платите на вработените од Управата“, рече тој, додавајќи дека колективниот договор по однос на другите утврдени барања стапува на сила од денеска.

Претставникот од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, на прес-конференцијата истакна дека потпишувањето на колективниот договор е голем чин за самата Конфедерација, а упати и охрабрување до сите останати вработни во државата на ниво на управи, агенции, фондови да си направат свои синдикати и да можат и ти е да потшишат слични колективни договори.

Ова што се случуваше во изминатиот период, додаде Ристески, беше игра на живци, но јас сум среќен што конечно се најде заеднички јазик.

„Во делот кој се однесува на финасии ние како Федерација веќе имаме некои контакти со Владата, а се надевам дека е договорена и оваа иницијатива што ја води ССМ за 2 806 денари за усогласување на платите. Тоа ќе следи исто и за оваа категорија вработени во Управата. Се надевам дека тоа ќе биде уште во текот на седмиот месец, така што ќе остане уште мал простор на финансии од оној процент што го бараа вработените“.

Тој посочи дека се надева оти во Владата е испратена иницијатива за покачување на платите на вработените во Управата, и додаде дека најверојатно и таму ќе се најде заеднички јазик за тој процент што останува.

„Бидејќи ако од процентот што го бараат вработените се одземат тие 2 806 денари што ќе ги добијат сите вработени во јавниот сектор, останува уште мал процент од 10 до 15 отсто. Мислам дека таа сума на пари не е огромана за државата. Сите увидоа дека Управата за водење матични книги е значаен субјект, што се обидувавме сите да објасниме дека има одговорна и специфична работа“, додаде Ристески.

Од утре, како што најавија претставници од Управата, вработените во сите матични одделенија ќе работат, а штрајкот се става во мирување до 20 јули, поради тоа што како што кажаа, сè уште останува нерешен делот во однос на финансиите, односно покачување на платите за 30 отсто кое вработените во Управата го бараа уште од почетокот на преговорите.

Доколку дотогаш барањето за покачување на платите не се прифати, оттаму кажаа дека можно е повторно активирање на штрајкот или изразување на незадоволството на друг начин.