Матераци го „трола“ Зидан за ударот со глава од пред десет години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поминаа десет години од срамниот удар на Зинедин Зидан со глава во градите на Марко Матераци, на Светското фудбалско првенство во 2006 и ако Зидан се труди да го заборави тој немил и неславен крај на неговата репрезентативна кариера, Матераци сигурно не го мисли тоа и се труди да му ги помати плановите.

A photo posted by Marco Materazzi (@iomatrix23) on

Ударот со глава од Зидан само физички го турна на земја Матераци, но истовремено и го искачи на тронот на фудбалскиот свет со мундијалскиот трофеј во раце. А Матераци, после десет години, упорно продолжува да го „трола“ Зинедин за тој испровоциран срамен потег.