Маск го испочитува својот технолошки ривал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинескиот произведувач на електрични возила NIO се пофали со 100.000 произведени автомобили, на што следеше реакција и од првиот човек на компанијата Tesla, Илон Маск.

Еден од најновите произведувачи на електрични автомобили, кинески NIO , одбележа значаен јубилеј – од нивното производство излегоа 100 илјади возила од овој бренд. Овој резултат е остварен за само девет месеци после 50 илјадитиот автомобил, и неполни три годни откако NIO започна поризводство на автомобили.

Отккао NIO се пофали со своите досегашни резултати, се огласи и првиот човек на Tesla, Илон Маск.

Тој на Твитер и оддаде признание на конкурентската компанија и и честиташе, наведувајќи дека тоа навистина е значајно достигнување. Тоа претставува мало изненадување, затоа што Tesla и NIO стануваат големи конкуренти на пазарот на електрични автомобили во Кина.