Март го испраќаме со сонце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот мартовски ден за оваа 2021 година во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 18 степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 15, Крива Паланка 16, Берово 13, Кавадарци 19, Дојран 21.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.