„Марка“ тврди дека е готово: Реал доби нов напаѓач!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека повеќе нема дилеми, Лука Јовиќ се сели во Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Лука Јовиќ денес повторно се најде на насловната страна на „Марка“, која ја пренесува изјавата на спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ.

„Дефинитивно постои шанса Јовиќ да потпише за Реал Мадрид. Се надевам и сакам Лука да остане тука, но јас сум реален и знам дека немаме многу шанси да го задржиме“, изјави Бобиќ.

„Кралевите“ имаат одличен однос со гаерманскиот клуб, неколку играчи на Реал беа во Ајнтрахт на „калење“. Сега се очекува само да се договорат последните детали.

Се очекува трансферот да изнесува околу 60 милиони евра, но не е исклучена можноста талентот на Реал, Педро да се пресели во Ајнтрахт како дел од трансферот.

Агентот на Јовиќ, Фали Рамадани наводно веќе ги договорил личните услови со „кралевите“. Српскиот голгетер ќе потпише 5-годишен договор и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Се очекува само крајот на сезоната, бидејќи Ајнтрахт се уште се натпреварува во Лига Европа, за и официјално да биде објавен трансферот.