Славни

Манекенка која ја киднапираа за продажба на „црниот пазар со луѓе“ се врати во Лондон

Британската манекенка Кло Ајлинг (20), која минатиот месец беше грабната во Милано за да биде продадена на „црниот пазар“ на луѓе, се врати од Италија, дома во Лондон.

На 11 јули младата Ајлинг која во Милано престојувала за една фото-сесија била грабната од двајца мажи, дрогирана и насилно одвлечена.

Човекот кој се обидел да ја продаде Кло на црниот пазар за трговија со луѓе

Според нејзиното објаснување, со лисици на рацете и сместена во голем куфер, таа се освестила во багажникот на некој автомобил со кој била одведена во за неа непознат правец.

„Очекував во секој момент да ме убијат“, им изјави Кло на британските весници.

Италијанската полиција, која покрена истрага за целиот случај, соопшти дека младата Британка била одведена во местото Борџијал северозападно од Торино, каде била чувана како постојано врзана и дрогирана.

Нејзините грабнувачи се обидувале убавата млада жена да ја продадат на интернет за 300 илјади долари или толкава откупнина барале да плати нејзниниот менаџер.

Полицијата во меѓувреме успеала да најде еден од грабнувачите, полскиот државјанин Лукаш Херба, кој сега е во затвор.

Весниците во Лондон му даваат голем публицитет на целиот случај, тврдејќи дека зад киднапирањето стои групата „Црна Смрт“.

Според лондонски „Тајмс“, мислењата за оваа група од криминалното подземје, се крајно поделени.

За едни, станува збор за една од најопсните криминални банди во светот, други пак сметаат дека таа е плод на „изопачената фантазија на луѓето кои не ја креваат главата од тастатурата на компјутерот“, пишува овој весник.

Advertisements
To Top