Манчестер Јунајтед и Реал спремаат спектакуларна трампа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансфер периодот е во тек, па медиумите секојдневно вадат нови информации и шпекулации, но оваа која ја пласираа шпанските медиуми е навистина неверојатна.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Реал Мадрид е силно заинтересиран за спектакуларна размена со Манчестер Јунајтед, а во главни улигу треба да бидат Герет Бејл и Давид де Геа.

Интересно, во трампата не би бил вклучен никаков кеш, односно чиста размена на двајца фудбалери. Голманот е на мета на Реал Мадрид веќе подолго време, а не е тајна дека Бејл е голема желба на Манчестер Јунајтед.

Медиумите тврдат дека оваа размена ќе биде актуелизирана во наредните денови, а тешко е да се поверува дека „кралевите“ нема да бараат доплата, бидејќи вредноста на Велшанецот е поголема во моментов.

Оваа вест сеуште е на база на шпекулација, но каде што има чад има и оган…