ФОТО: Мбапе со слика на Твитер го откри новиот клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако во петокот го совлада Тулуз во првиот натпревар во новата сезона на Лига 1 со резултат 3:2, но навивачите на оваа екипа се загришени поради повредата на Мбапе кој играта ја напушти во 75. минута од овој натпревар. Навивачите на Монако се загрижени и поради фотографијата која вчера Мбапе ја стави на својот Твитер профил.

Имено, 18-годишниот француски напаѓач се наоѓа на метата на многу големи европски гиганти. Манчестер Сити и Реал Мадрид се издвојуваат како најсериозни кандидати за потписот на Мбапе, а самиот Мбапе со фотографија на Твитер „додаде бензин на огнот“ за шпекулациите за напуштање на Монако и трансфер во Манчестер Сити.

Имено, на фотографијата која ги израдува навивачите на Сити и ги загрижи навивачите на Монако, може да се види Мбапе во друштво на фудбалерот на Сити, Лерој Сане.

Напаѓачот на Монако фотографијата ја додаде со опис: „Мило ми е што те запознав брат“, а таа веднаш предизвика еуфорија меѓу навивачите на „Граѓаните“, кои веќе некое време очекуваат вести за можниот трансфер на Мбапе, а неговото дружење со Сане може да претставува „знак“ дека фудбалерот на Монако е блиску до потпис за Сити.