Манчестер Јунајтед ја затвори вратата за Кристиано Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигнат Манчестер Јунајтед не е заинтересиран во своите редови да го врати Кристиано Роналдо, пренесува шпанска „Марка“.

Според мадридсиот весник вратата на „Олд Трафорд“ е затворена за Португалецот, чија што иднина не е сигурна во Реал Мадрид.

Се очекува многу наскоро дресот на Манчестер Јунајтед да го облече ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез кој на „Олд Трафорд“ ќе ја добие легендарната „седумка“.

Тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ја затворија вратата за петкратниот освојувач на „Златната топка“, пренесува „Марка“.

Шпанските медиуми прогнозираат дека следното лето Мурињо ќе сака да го засили средниот ред со еден врвен фудбалер, и дека нападот е комплетиран со Енрони Марсијал, Маркус Рашфорд, Хуан Мата, Ромелу Лукаку, Џеси Лингард и Алексис Санчез.