Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата на Вест Хем

Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе ја добеде на „Олд Трафорд“ ѕвездата на Вест Хем, Дмитри Паје, тврдат англиските медиуми.

Медиуми уверуваат дека целата работа е договорена и Дмитри Паје ќе се пресели на Олд Трафоирд за 41,5 милиони евра. Французинот лани беше најголемо изненадување во Премиер лигата и сам го однесе Вест Хем во горниот дел од табелата, но оваа сезона игра далеку од таа форма.

Паје неодамна изјави дека не е среќен во Вест Хем и дека сака да направи чекор напред во кариерата, па „црвените ѓаволи“ се спремни да ја иксористат таквата ситуација.

Мурињо смета дека Французинот ќе му ја даде потребната креативност на тимот и ќе биде одлична замена за Депај, кој во јануари ќе замине од „Олд Трафорд“.