Home Спорт Манчестер Јунајтед ги замрзна преговорите со Мурињо

Манчестер Јунајтед ги замрзна преговорите со Мурињо

Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да направи пауза во преговорите за нов договор на Жозе Мурињо, пренесуваат англиските медиуми.

Португалецот имаше успешна прва сезона на кормилото на „црвените ѓаволи“ и успеа да освои два трофеи – Луга Купот и Европа Лигата, а тоа само додатно ги подигна очекувањата за трофеи на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед игра променливо оваа сезона, па само во последната седмица беше елиминиран од Бристол во Лига Купот и испупшти победа со играч повеќе против Лестер.

Покрај тоа, дефанзивниот и прагматичен стил на „Специјалниот“ во натпреварите со водечките екипи, притоа слабите резултати во истите, го натераа раководството на размислување дали е Мурињо вистинскиот човек за Манчестер Јуанјтед.

За сега клубот донесе решение да ги замрзне преговорите и да се следат резултатите на тимот, а за новиот договор ќе се преговара по завршување на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…