Home Актуелно Мало девојче се удави во базен од угостителски објект во Скопје

Мало девојче се удави во базен од угостителски објект во Скопје

Вчера вечерта, околу 21 часот, 5-годишно девојче паднало во базенот кој е дел од угостителски објект во Скопје, а утрово околу 8.30 часот починало како последица на тоа.

„На 26.06.2019 година околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”. Утринава во 08.30 часот детето починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…