Лестер ги „олади“ клубовите од Манчестер – бара 100 милиони за Мекгваер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градските ривали Јунајтед и Сити водат голема битка за потписот на англискиот репрезентативец Хери Мекгваер, но Лестер постави вртоглава цена за дефанзивецот.

„Скај Спорт“ информира дека преговорите течат веќе неколку недели, но се уште не се ни блиску да бидат финализирани. Проблемот е што Лестер за слободата на Мекгваер бара неверојатни 100 милиони фунти.

Таквите услови веднаш го „исфрлија“ од траката Манчестер Јунајтед, кој се откажал од дефанзивецот и не е спремен да ја плати таа сума.

Клубовите од Манчестер до сега најмногу понудија 65 милиони фунти за потписот на Мекгваер, но не е јасно дали „граѓаните“ се спремни да ја зголемат понудата и да се приближат до бараните 100 милиони.