Home Вебкафе Малку поинаков бордел: Во него нема проститутки, туку…

Малку поинаков бордел: Во него нема проститутки, туку…

Секс индустријата дефинитивно ја живее својата нова, технолошка револуција (дали е добра ќе видиме допрва), која незадржливо гази со иновациите и новитетите. Како што тргнала работава, наскоро луѓето воопшто нема да си бидат потребни еден на друг за да уживаат во сексуалното задоволство.

Во Франција е отворен првиот бордел за секс-кукли, каде што клиентите може да бираат различни бои, големини и облици.

Борделот се состои од неколку соби во кои клиентите може да водат љубов со силиконски кукли. Во моментов на располагање им се нудат четири различни кукли и сите се облечени во секси долен веш.

Популарноста на секс-куклите е во раст во целата Европа, а вакви бордели веќе постојат во Велика Британија и Амстердам.

Според некои аналитичари, за 30 години сексот со роботите ќе биде нормална појава.

Од друга страна, психологот Герти Сенгер смета дека сексот со куклите е попривлечен поради тоа што со куклите луѓето може да прават што сакаат, без казнување на лошите намери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …