Home Актуелно Донев разрешен од директорското место на Агенцијата за промоција на туризам

Донев разрешен од директорското место на Агенцијата за промоција на туризам

На вчерашната владина седница Александар Донев беше разрешен од функцијата директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Донев предизвика внимание во јавноста откако леташе со бизнис класа за неговата работна посета во Аргентина, при што платил околу 4.000 евра.

Тој вети дека ќе ги врати парите што ги потрошил на патувањето, но се уште тоа го нема сторено. Како што кажа Донев, парите ќе ги донира за проект на министерството за труд и социјална политика за соба за деца со посебни потреби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…