Вебкафе

Малечкиве се близнаци и веќе се вистински хит на Инстаграм

31-годишната Стејси од Нигерија, немала очекувања дека нејзините симпатични близнаци, родени во една минута разлика, но доста поразлични физички карактеристики, ќе станат вистински ѕвезди на Инстаграм благодарение на фотографиите кои таа ги споделува.

Браќата Даниел и Дејвид се родени со разлика од една минута, а освен што и двајцата имаат големи смеги очи, ретко кој би погодил дека тие се браќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel and David (@danielanddavid2) on

Нивните рoдители кои живеат во Лагос, признаваат дека нивните бебиња привлекуваат многу внимание кога ќе излезат надвор. Додека Даниел има темна кожа а Дејвид е роден со светла боја на кожата.

Стејси одлучила да го документира животот на своите бебиња на Инстаграм, а до сега собрала 18.000 пријатели.

„Не знаевме колку се различни за време на бременоста, ултразвукот тоа не го покажува, па прилично се изненадивме кога Даниел е роден со темна коса, а Дејвид со златна коса. Ги родив со царски рез, а докторот се пошегува дека имам неидентични близнаци. Сестрите постојано доаѓаа и ги гледаа“, расажува Стејси за „Bored Panda“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel and David (@danielanddavid2) on

Дејвид е роден со албинизам, генетска состојба која се појавува кај едно од 20.000 бебиња во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel and David (@danielanddavid2) on

Албинизмот е наследна генетска состојба, а се карактеризира по недостаток на пигмент во кожата, косата и очите. Се појавува кај сите раси а недостатокот на пигмен може да варира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel and David (@danielanddavid2) on

Во Нигерија бројот на албино лица е необично голем, и често се мета на дискриминација. Стејси истакнува дека таа никогаш не чула лоши зборови за своите дева и дека и двајцата ги сака еднакво.

To Top