Скоро 5 милиони заразени во светот од КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бројот на заразени пациенти од коронавирусот во светски рамки достигна речиси 5 милиони луѓе, велат статистичките податоци на интернет-страницата „Ворлдметерс“.

Моменталната бројка, која се базира на информации од СЗО, е 4 990 470, од кои 324 990 се починати, а 1 961 385 се оздравени.

Според тоа, во светот активни случаи се 2 704 095, при што 2 658 664 (или 98 отсто) се со лесни симптоми, додека 45 431 се во тешка состојба.

САД со 1 570 583 заболени и 93 533 починати се на врвот на листата, по што следува Русија, која ја турна Шпанија на третото место.

Според пријавените податоци, во Русија има 299 941 заболени и 2 837 починати како последици на ковид-19.

Трета е Шпанија со 278 803 заболени и 27 778 починати лица.

Ситуацијата се влошува во Бразил каде што бројот на заболени се искачи на 271 885 од кои 17 983 се починати.

Бројот на заболени во Велика Британија е 248 818, од кои 35 341 се починати.

Италија, која беше црната точка во Европа, паѓа сѐ подолу на листата со 226 699 заболени вкупно, и 32 169 починати лица.

Во Азија, Турција има најмногу заболени – 151 615 и 4 199 починати лица.

Од континентите, Европа со 1 815 517 заболени и 164 585 починати е прва, по што следува Азија, каде што и се појави жариштето на новиот коронавирус со 843 783 заболени и 25 547 починати лица. Во Јужна Америка има 488 006 заболени и 25 493 починати.

Во Африка има 93 331 заболени и 2 925 почнати како последици на коронавирусот, а ОН денеска предупредија дека пандемијата му се заканува на овој континент поради постоечките нееднаквости – гладот, неухранетоста и изложеноста на зарази.

Австралија и Океанија се со најмал број заболени – 8 686 и 121 починати.