Спорт

Малдини: Градското дерби е важно, но во Милано најважни се трофеите!

Легендата на Милан и актуелен технички директор на клубот, Паоло Малдини даде свој коментар за престојното градско дерби со Интер.

Малдини е рекордер по бројот на одиграни милански дербија, но тврди дека за двата клуба многу поважни се трофеите, отколку победа во дербито.

„Дербито секогаш е возбудливо, но треба да се каже дека за двата клуба по важни се трофеите отколку победа во дербито. Постојат градски дербија каде што тоа е најважен натпревар во сезоната, бидејќи клубовите ретко или никогаш не освојуваат трофеи“, истакна Малдини.

„Сум играл во многу дербија, мислам дека се повеќе од 50 и сите беа различни едно од друго. На почетокот не успевав да дадам 100% од себе си, бидејќи на 17,18 години е тешко да се справиш со притисокот. Тие дербија за мене беа потешки отколку кога имав 35/36 години“, изјави Малдини.

Малдини како највозбудливи дербија на кои играл ги издвои тие од Лигата на шампиони, кога во 2003 година двата милански гиганти се сретнаа во полуфиналето.

Advertisements
To Top