„Маките“ на Георгина: „Одев на работа со автобус, а се враќав дома со Бугатито од Роналдо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вереницата на славниот фудбалерски ас Кристиано Роналдо, заводливата Георгина Родригез, во едно неодамнешно интервју изјавила дека и` било тешко да се навикне на раскошниот начин на живот на фудбалерот.

„Ќе одев на работа со автобус и ќе се вратев дома во Бугатито на Роналдо. Морав да се навикнам“, рече таа.

Георгина тогаш работела како продавачка на Гучи во Мадрид, пренесува The Sun.

„Од продажбата на луксузна облека преминав до црвениот тепих. Денес имам милиони следбеници и јас сум девојката на најследениот маж на светот“, додала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Кога првпат почнав да живеам во вилата на Кристијано, се губев секој пат кога одев во кујната по вода. Понекогаш ми требаше половина час да се вратам од дневната соба бидејќи не го знаев патот. Порано живеев во мали станови“.

„Ми требаше околу половина година за конечно да дознаам каде се собите во неговиот дом“, додаде таа.

Да потсетиме, во пресрет на објавувањето на документарната серија Soy Georgina, која ќе открие непознати детали од приватниот живот на Георгина, нејзиното семејство тврдело дека таа им го свртела грбот, откако го запознала Роналдо.

„Таа се срами од нас и веројатно мисли дека е подобра од нас бидејќи ние не живееме луксузен живот како неа. Никогаш не сум барал ништо од неа. Таа ми се јави само еднаш или двапати откако е со него, а ние се погриживме нејзе и на нејзината сестра да им пружиме пристоен живот“, рече нејзиниот вујко и ја нарече „зло од жена“.