Македонците го секнале пивото во Букурешт: Испиле над 70.000 литри пиво и потрошиле 450.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските навивачи извршија инвазија на Букурешт каде Македонија ги играше првите два натпревари од Европското првество.

За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, успеале да испијат меѓу 70 и 75 000 литри пиво, велат официјалните информации на Управата за јавни приходи на Романија, согласно пресметките од локалите, клубовите и рестораните.

Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.