Македонското Министерство за правда спрема ново барање за екстрадиција на Груевски од Унгарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за правда спрема ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, потврдуваат од министерството а пренесува „Фокус“.

Тој веќе четири години е во бегство, засолнет во Будимпешта, Унгарија, од каде што веќе негативно одговорија на првото барање, испратено во 2018 година.

-Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе ново барање за екстрадиција на Никола Груевски. Досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите постапки за кои е распишана потерница, ни одговорија од Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека првото барање било одбиено со образложение дека Груевски добил азил.