Home Шоубизнис Македонскиот „Таксират“ во топ 10 најдобри фестивали на затворено во Европа

Македонскиот „Таксират“ во топ 10 најдобри фестивали на затворено во Европа

Фестивалот Таксират од фестивалската публика е изгласан за еден од најдобрите европски фестивали на затворено  во рамки на Европските фестивалски награди.

Таксират годинава се најде меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа, меѓу кои „Reeperbahn“ (Германија), „Le Printemps de Bourges“, „I Love Techno“ (Франција) и „Out.Fest“ (Португалија).

Добитниците на наградите ќе бидат презентирани на 11 јануари 2017 година на свечена церемонија во Гронинген, Холандија во рамки на Eurosonic Noorderslag конференцијата.

Награди се доделуваат од 2009 година, а Таксират осум години по ред е номиниран во две категории „Најдобар фестивал на затворено“ и „Најдобар мал фестивал“.

Главната фестивалска вечер на Таксират ќе се одржи на 9. декември во Метрополис Арена, со настапи на Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста Околина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …