Home Шоубизнис Македонскиот филм „Дедо и внук“ прогласен за најдобар странски филм на „Independent Film Awards“

Македонскиот филм „Дедо и внук“ прогласен за најдобар странски филм на „Independent Film Awards“

Македонскиот игран филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот „Independent Film Awards“ во Лондон.

Лондонскиот независен филмски фестивал е еден од најреномираните, се одржува секоја година и има над илјада пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија во над 20 категории, вклучувајќи играни и кратки филмови, документарци, студентски филмови, анимации, телевизиски реклами, музички видеа и натпревар за сценаристи.

Филмот „Дедо и внук“ веќе освои шест награди на фестивали низ светот, меѓу кои за најдобра режија на „The Buddha International Film Festival“ и за најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал во Париз, а две награди доби и директорот на фотографија, Патру Паунеску.

Режисерот Пиперкоски е автор и на сценариото за филмот, кој раскажува за проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обични човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија. Финансиски филмот е поддржан од Агенцијата за филм

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Голферот Кори Павин открива тешки вести за ракот на неговата сопруга Лиса

Шампионот на U.S. Open, Кори Павин, откри тешка вест во борбата на неговата сопруга Лиса с…