Home Спорт Македонија со четворица боксери на „Белградски победник 2019“

Македонија со четворица боксери на „Белградски победник 2019“

Македонската сениорска боксерска репрезентација од денеска до 21 април ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Белградски победник 2019 – меморијал Бранко Пешиќ“. Нашиот национален тим ќе го претставуваат четворица боксери.

На турнирот ќе настапат Џан Демиров во категоријата до 52 кг, а потоа Јасим Љама во категоријата до 60 кг, Гоце Јанески ќе се натпреварува во категоријата до 69 кг и Арсим Етеми во категоријата до 75 кг. Репрезентацијата ја предводат селекторот Петре Чурлинов и тренерот Ристе Мицевски.

Квалификациите започнуваат денеска во салата „Пинки“ во Земун, финалните борби ќе се одржат во салата „Шумице“ на Вождовац на 20 април.

На овој престижен турнир со долга традиција, ова е 57. издание, ќе настапат боксери од 100 земји од целиот свет, покрај боксерите од Македонија ќе учествуваат и репрезентации од Русија, Шкотска, Канада, Полска, Германија, Франција, Хрватска…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…