Македонија – Англија, Тоше, Симон Трпчески – ден за паметење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 6-ти септември 2003 година Англија гостуваше за првпат во Скопје, тоа беше прилика македонските фанови во живо да гледаат легенди како Бекам, Тери, Лампард, Џерард…

Добро започна тој натпревар за Македонија поведовме со голот на Ѓорѓи Христов, а потоа Вејн Руни испиша историја кај Англичаните и токму во Скопје стана најмалдиот стрелец во англиската репрезентација. Не издржавме до крај, Бекам го сврте резултатот со гол од пенал.

Но, овој натпревар и не се памети само по фудбалот. Фантастична беше увертирата во која Тоше Проески маестрално во придружба на Симон Трпчевски ја испеа химната. Горан Пандев остана последен од таа генерација активен во репрезентацијата се до минатото лето на Европското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)

Тоше беше голем навивач на македонската репрезентација, беше дел и од натпреварот на 7-ми октомври кој го игравме во квалификациите за ЕП на гостински терен на „Олд Трафорд“, навиваше во дресот на Гоче…

Судбината сакаше македонската репрезентација да игра натпревар само еден ден по неговата смрт (16.октомври 2007). Игравме со Андора, победивме 3:0 стрелци беа Наумовски, Седлоски и Пандев. Се беше во знакот на Тоше на тој натпревар, 20.000 гледачи се собраа да искажат почит и да се поклонат за се што направи за Македонија, а фудбалерите истрчаа со маици со неговиот лик и играа за него…