Home Актуелно Мајски петок и викенд со летна спарнина

Мајски петок и викенд со летна спарнина

Денес, петок, 15 мај, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со чувство на летна спарнина во воздухот. Ќе има и умерена локална појава на облачност.

Ќе биде забележан и ветар кој ќе дува малку засилено од југозападен и северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу 28 и 35 степени Целзиусови.

Такви временски услови ќе владеат и во Скопје и околината, каде ќе има сончево и топло време со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.

Такви временски услови ќе се задржат и во претстојниот викенд, кога ќе имаме максимална температура нешто над 35 Целзиусови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…