Мајка со ретка рожба: Вакво бебе се раѓа еднаш на 625 милиони случаи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Сибир е родено бебе кое е зачнато по природен пат, но се развиваше надвор од мајчината матка. Бебето го доби името Вероника, кое значи „онаа која носи победа“, што апсолутно си го заслужи.

30-годишната мајка, која сакаше да остане анонимна, како мигрантка од областа Донбас во Украина, заврши во Сибир и во текот на целата бременост ниту еднаш не отишла на лекарски преглед.

Сепак, нејзиното бебе успеа да ја преживее абдоминалната бременост, во воденик надвор од матката. Освен малата Вероника, забележани се само уште 12 вакви случаи на раѓање на бебе на светско ниво.

Мајката и таткото на Вероника одлучиле раѓањето на ќерката да го дочекаат дока. На почетокот било сè како што треба, жената чувствувала сè посилни и почести контракции, се подготвувала за породување, а тогаш контракциите нагло престанале.

Парот тогаш одлучил да побара помош кај лекар, каде трудницата на крајот била оперирана од тим од дури 10 лекари. Операцијата била сложена и доста ризична, но завршила успешно и мајката и бебето ја преживеале.

„Сфативме дека операцијата е успешна кога бебето почна да плаче“, изјави доктор Марат Жажијев, еден од лекарите кои ја породија пациентката.