Лука Зидан пресреќен: Ти благодарам тато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот Лука Зидан, син на тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан синоќа дебитираше за првиот тим на Реал Мадрид и не можеше да ја сокрие радоста.

20-годишниот Зидан прими два гола од Виљареал во ремите (2:2) во последното коло од Примера и му се заблагодари на својот татко за шансата која му ја даде.

„Во петок таткоми ми кажа дека јас ќе бранам и ми порача да ја искористам дадената можност. Навистина сум горд што имав можност да играм за најголемиот клуб во светот“, изјави младиот голман.

„Лука беше единствениот член на тимот кој не играше во ниту еден меч од почетокот на сезоната. Тој е играч како и секој друг и мислам дека се справи добро“, изјави Зинедин Зидан.

Лука е вториот син на Зизу кој дебитира за Реал Мадрид. Во 2016 година Енцо одигра еден натпревар, но потоа беше пратен на позајмица во Алавес и Лозана.