Home Спорт Голем удар за Арсенал: „Црвените ѓаволи“ им ја „крадат“ големата ѕвезда

Голем удар за Арсенал: „Црвените ѓаволи“ им ја „крадат“ големата ѕвезда

Манчестер Јунајтет е фаворит за потписот на ѕвездата на Арсенал, Арон Рамзи, пренесуваат медиумите на Островот.

27-годишниот плејмејкер има уште една сезона договор со „топџиите“ и одбива да ја продолжи соработката, а таквата ситуација е спремен да ја искористи токму Манчестер Јунајтед.

Многу клубови од Премиер лигата и од Европа се заинтересирани за неговиот потпис, но медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ се во пол-позиција.

„Манчестер Јунајтед е фаворит да биде следниот клуб на Арон Рамзи бидејќи играчот се уште не го продолжил договорот со Арсенал“.

„Рамзи чека да види кој ќе биде новиот менаџер на Арсенал, но поголеми се шансите да се пресели на Олд Трафорд, отколку да остане на Емирати“, открива избор близок до фудбалерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…