Home Шоубизнис Луѓето се плашат да одат на спиење после овој хорор: „Со недели ќе имам кошмари“

Луѓето се плашат да одат на спиење после овој хорор: „Со недели ќе имам кошмари“

Хорор филмот „Scary Stories To Tell In The Dark“ до таа мера преплаши дел од масовната публика, што многумина се жалаат на социјалните мрежи дека после гледањето на овој филм им е страв да си легнат навечер за спиење.

Филмот е снимен според истоимената книга на Алвин Шварц, која своевремено беше забранета во голем број американски школски библиотеки, бидејќи ја сметаа за премногу страшна.

Дејството е сместено во 1968 година, а ги следи тројца тинејџери кои одлучуваат да ја истражат наводно проколнатата куќа во која наоѓаат книга со хорор приказни кои полека почнуваат да се остваруваат во реалноста.

Филмот го режираше Андре Оверда, а го продуцираше оскаровецот Гиљермо дел Торо. На Rotten Tomatoes овој хорор заработи импресивни 81% како негова валоризација, додека на IMDB има оценка 6,5.

Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа дека филмот толку ги преплашил, што сега имаат проблеми со спиењето навечер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …