Луѓето кои конзумираат чај наводно се покреативни и имаат бујна фантазија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку често пиете чај постои голема веројатност дека имате бујна фантазија која ве прави покреативни од личностите кои го избегнуваат овој топол напиток, тврдат психолози од Пекинг.

Тим на психолози од Универзитетот во Пекинг објавиле истражување во кое биле вклучени 50 студенти во раните 20-ти години. Половина од студентите на кои е извршено истражувањето секој ден пиеле црн чај, а останатите пиеле обична вода. Психолозите ги прателе нивните когнитивни и креативни вештини низ разни тестови.

Во првиот тест студентите морале да креираат зграда од блокови со различни облици и големини, а во вториот тест да креираат име за ресторан. Нивните резултати ги анализирале научници кои не учесвувале во истражувањето.

Студентите кои секојдневно конзумираат чај константно постигнуваат повисоки резултати во двата тестови. Па така според научниците пиењето на чај пред некоја сложена задача ги зголемува когнитивните вештини. Тие истакнуваат дека чајот содржи супстанции кои  го опуштаат мозокот. Па така тие велат дека луѓето кои опуштено го користат мозокот имаат поголеми капацитети за креативно размислување.

„Коефеинот и танинот имаат благотворни ефекти на концентрацијата која е неопходна за когнитивна ефикасност“, велат психолозите од Пекинг.