Home Вебкафе Љубовта е посилна од ѕидовите: Венчавка на американско-мексиканската граница (видео)

Љубовта е посилна од ѕидовите: Венчавка на американско-мексиканската граница (видео)

Американец и Мексиканка го кажаа судбоносното „ДА“ на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на идејата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да подигне ѕид со кој би спречил влез на мигранти од Мексико.

„За заљубените овој ѕид не постои. Љубовта не познава граници“, изјави невестата Евелија Рејес.

Младенците се заколнаа на вечна љубов и си разменија прстени, по што со дозвола на граничарите специјално за оваа пригода ја отворија и вратата на оградата што ги дели двете земји.

Свеченоста беше организирана од страна на „Гранични ангели“, невладина организација за заштита на правата на мигрантите.

Младенците стапија во брак пред оградата, под будното око на граничната полиција во САД и во придружба на неколку членови на семејството и пријателите.

Се запознале пред три години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…