Home Спорт Лопетеги „удри“ по Каталонците: Тоа што го прави Барса е тажно!

Лопетеги „удри“ по Каталонците: Тоа што го прави Барса е тажно!

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги уште еднаш потврди дека е против идејата натпревари од Примера да се играат во САД.

Управата на Ла Лига сака да направи маркетинг чекор, а еден натпревар веќе е договорен да се игра во САД. Имено, Барселона и Џирона потврдија дека натпеварот ќе го играат во Мајами во јануари.

Поголем дел од екипите во Шпанија се против таа идеја, па Лопетеги не го криеше разочарувањето поради тоа што Барселона и Џирона се согласиле на ваков потег.

„Зборував за ова и не ми се допаѓа идејата на Ла Лига. Мислам дека клубовите треба да играат на свои терени, а не некаде во Америка. Тажно е тоа што го прават екипи како Барселона и Џирона“, вели Лопетеги.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…