Ливерпул против Челзи во Лига Купот – видете ги сите парови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа се одржа ждребот за третото коло англискиот Лига Куп, коло во кое се вклучуваат и тимовите од Премиер лигата.

Фановите веднаш ќе можат да се насладат на големо дерби уште во раната фаза, откако Ливерпул за противник го доби тимот на Челзи, а мечот ќе се игра на „Енфилд“.

„Црвените“ се рекордери во ова натпреварување со 8 трофеи, додека Челзи 5 пати го освојувал овој Куп. Последен пат дбвата тима играа во Лига Купот во 2015 година, кога „сините“ го освоија трофејот.

Манчестер Сити ќе му гостува на третолигашот Оскфорд, додека тимот на Мурињо ќе му биде домаќин на Дерби Каунти предводен од Лампард.