Ливерпул „му го зеде здравјето“ на Манчестер Јунајтед (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со историски резултат во Премиер лигата на денешниот дерби дуел Ливерпул го победи Јунајтед со 7:0.

Ништо не најавуваше ваков дебакл пред денешното дерби, посебно не затоа што Манчестер Јунајтед беше во далеку подобра форма од својот ривал и редеше добри резултати. Од друга страна Ливерпул се мачеше и играше променливо, дури се најавуваше и отказ на Јирген Клоп.

Денешниот натпревар дефинитивно може да биде пресвртница и голема мотивација во продолжение од сезоната.

Ливерпул доминираше и по подолго време одигра натпревар како што чекаа навивачите. За болката кај навивачите на Јунајтед да биде поголема, еден од најдобрите на теренот беше Коди Гакпо кој во зимскиот преоден рок беше блиску да премине на „Олд Трафорд“.

Резултатот беше отворен во 43-тата минута кога Гакпо одлично се ослободи од својот чувар, шутираше и го матираше Де Геа. Само што започна второто полувреме почнаа да се редат шанси пред голот на Де Геа и во следните пет минути видовме два гола.

Дарвин Нуњез погоди во 47-та, а три минути подоцна Гакпо го постигна својот втор гол на натпреварот. Салах се запиша во листата на стрелци во 66-тата минута, за десет минути подоцна и Нуњез вторпат да погоди. Не застана тука Ливерпул, Салах на шест минути пред истекот на регуларните 90 минути го постигна својот втор гол со кој стана најдобриот стрелец на Ливерпул во Премиер лигата. Во самата завршница Фирмино ги постави конечните и може да се каже историски – 7:0!