Home Спорт Ливерпул го „тестира“ Реал со богата понуда за Асенсио

Ливерпул го „тестира“ Реал со богата понуда за Асенсио

Европскиот шампион е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио, пренесуваат англиските медиуми.

Јирген Клоп е голем симпатизер на играта на Асенсио и сака да го донесе во својот тим бидејќи смета дека ќе биде идеално засилување.

Асенсио минатата сезона не добиваше голема минутажа, а со доаѓањето на Азар таа веројатно додатно ќе се намали, па и самиот е спремен за промена на средината.

Ливерпул е спремен да понуди 74 милиони евра за 23-годишниот шпански репрезентативец, па сега на потег е Реал Мадрид.

Меѓутоа, „кралевите“ нема лесно да се откажат од Асенсио, кој има договор до 2023 година и за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони евра.

Пред неколку недели, медиумите во Шпанија најавија дека има шанси Реал да побара размена, Мане за Асенсио, но тоа изгледа малку веројатно во моментов.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1148761504239325184

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…