
Ако сте љубител на киселкасти вкусови, питата со лимета лесно ќе ви стане омилена.
Во комбинација со кокос и бело чоколадо, таа станува десерт што ја буди имагинацијата. Веќе при првиот залак, ќе имате впечаток дека лежите на некоја морска плажа под огромна палма, затоа што носи толку многу егзотика во себе. Добриот однос на шеќерот и лиметата е главната тајна на оваа пита.
ПОТРЕБНО:
За кората:
- 5 и пол лажици путер
- 170 г крекери
- ¼ шолја кокос
- 45 г бело чоколадо, искршено на парчиња
За филот:
- 400 г кондензирано млеко
- 4 жолчки
- Кора и сок од 4 лимети
- 6 лажици грчки јогурт
За преливот:
- 1 шолја слатка павлака
- 5 лажици грчки јогурт
- 30 г бело чоколадо
- Кора од половина лимета
- Тенки парчиња лимета
ПОДГОТОВКА:
За подготовка на кората, најпрво загрејте ја рерната на 200 степени. Растопете го путерот и оставете го да се излади. Во блендер иситнете ги крекерите, кокосот и белото чоколадо додека не добиете ситни трошки. Додајте го растопениот путер и сè добро измешајте. Смесата префрлете ја во кружен калап за печење. Печете 15 минути, потоа извадете го од рерната и оставете да се излади најмалку 15 минути.
За филот, во средно голем сад изматете го кондензираното млеко, жолчките, грчкиот јогурт, кората и сокот од лиметите. Добиената смеса истурете ја врз испечената кора и вратете ја во рерна уште 15 минути. Кога ќе биде готова, оставете питата да се излади, па префрлете ја во фрижидер најмалку 2 часа.
За преливот, изматете ја слатката павлака заедно со јогуртот додека не добиете густ шлаг. Користете лажица за сладолед за да го нанесете врз питата. Одозгора наросете рендано бело чоколадо, кора од лимета и тенко исечени парчиња лимета.