
Среброто е новото злато – 5 начини да го носите со стил
По години доминација на златниот накит, модната сцена конечно прави пресврт – среброто ја презема главната улога и внесува свежина во нашите аутфити.
Ладниот, футуристички сјај на овој метал додава доза на модерен минимализам, но и смел гламур. Веќе не станува збор за дискретни, суптилни парчиња – напротив! Оваа сезона носиме сребро во големи количини, го истакнуваме како statement елемент и го користиме за да ги подигнеме дури и наједноставните комбинации. Chunky нараквици, драматични обетки и моќни прстени сега се must-have аксесоари за секоја модна познавачка.
Но, како да го стилизирате така што ќе изгледа шик, софистицирано и тренди? Еве пет начини како да го вклучите сребрениот накит во вашите аутфити и да постигнете максимален ефект.