Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Единаесет активисти на Левица со маици со нивниот партиски симбол, денеска со герила акција пред платото во меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп, симболично го попречија проодот кон спомениците на Свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври, во рамките на која се полагаа венци и свежо цвеќе од страна на бројни делегации од земјава и странство.
Тие дојдоа пред почетокот на свеченоста и останаа додека делегациите ги полагаа венците цвеќиња.
Кога дојде на ред премиерот да полага цвеќе придружуван од министерката Шахпаска, еден од Герила акцијата рече дека не му е тука местото на Заев и да оди по странски држави, Заев на ова му препорача да одат на психијатар, по што лицето од Левица возврати заедно да одат.